Англискиот премиерлигаш Евертон сака за време на зимскиот преоден рок да стави крај на соработката со италијанскиот интернационалец Моисе Кин.
Иако пристигна на „Гудисон Парк“ за време на летниот преоден рок како големо засилување од редовите на Јувентус, малдиот напаѓач не ги исполни големите очекувања на клупските челници кои сакаат веднаш да се ослободат од неговите услуги.
Интерес за неговите услуги покажаа раководните лица на Милан, но официјалната понуда не смее да биде помала од 25 мил. евра.