Се бара купец за Деле Али

175

Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем откри дека раководните лица ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да стават крај на соработката со повремениот репрезентативец на Англија, Деле Али. Искусниот играч за врска веќе подолг период игра под очекуваното ниво и затоа повеќе нема статус на стандарден првотимец. Според истиот извор, Али ќе биде продаден доколку официјалната понуда не биде помала од 45 мил. евра.