Се бара да се утврди функционалноста на капацитетот на кумановската болница

45

Општинскиот кризен штаб на Куманово на денешната 21. седница
бара од Комисијата за заразни болести во Министерството за
здравство да направи пресек на состојбата во кумановската Општа болница за бројот на позитивни случаи во болницата по одделенија и
да даде свое видување за функционалноста на капцитетите на
болницата во овие околности.

– Бараме од Министерство за надворешни работи да ни достави
список на лица од Куманово, кои се најавени да се вратат во
Република Северна Македонија, се наведува во соопштенито на
штабот.

Општинскиот кризен штаб на денешната седница бара од Кризниот
штаб при Влада на Република Северна Македонија да задолжи лице
од Министерство за труд и социјална политика, кое директно ќе се
вклучи во работата на општинскиот кризен штаб.