Се бараат донации за доизградба на црквата „Свети Кирил и Методиј“

135

Градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски и Игор Жежовски на донаторската сметка уплатија сопствени средства со цел да помогнат во доизградбата на црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево.

Притоа градоначалникот Трајковски испрати апел до сите поединци, но и фирми, да донираат и сите заедно да бидат горди на верскиот храм.

– Црквата „Свети Кирил и Методиј“ по својата габаритност и убавина ќе биде украс на градот и најголем и најубав верски објект во регионот и кој ќе го носи потписот на сите нас, на оваа генерација граѓани кои дале свој придонес во изградбата на светиот храм посветен на браќата Кирил и Методиј кои Делчево ги слави како свои заштитници – истакна Трајковски.

Доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ е во завршна фаза. Изградена е фасадата на црквата со поддршка од донаторот Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“, поставени се и влезните врати. Сепак, за комплетно завршување на овој проект потребни сè уште средства.

Неодамна општина Делчево отвори посебна сметкa на која ќе можат да се уплаќаат донации за доизградба на овој соборниот храм.