Се асфалтира улицата „Фуштанска“ во Ченто

421

Општина Гази Баба почна со асфалтирањето на првиот дел од улицата „Фуштанска“ во населбата „Ченто’.

Како што информираат оттаму, активностите за реконструкција на преостанатиот дел од улицата со цел нејзино целосно реновирање ќе продолжат по празниците.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски упати голема благодарност до сите жители кои денес ни излегоа во пресрет и навремено ги отстранија возилата од улицата.