Се асфалтираат велопатеките на новиот булевар „Босна и Херцеговина“

338

Деновиве започна асфалтирањето на новите велосипедски патеки, кои се изградени во рамки на првата фаза од проектот за изградба на булевар „Босна и Херцеговина“.

– Првата фаза од изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“ се одвива од крстосницата на булевар „Словенија“ до крстосницата со улица „Бутелска“, а покрај новите 6 коловозни ленти, ќе добиеме и 2 нови велосипедски и 2 пешачки патеки, како и централно и странично зеленило – информираат од Град Скопје.

Деновиве започна и изградбата на втората ваза од овој проект, каде истиот ќе се продолжи од крстосницата со улица „Бутелска“ до крстосницата со булевар „Христијан Тодоровски Карпош“.