Сеќавања……Игор Џамбазов сподели емотивни спомени за татко си Александар

441

Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ и МРТ ја известуваат јавноста дека на ден 28.01.2022 (петок), ќе се одржи Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов. Комеморацијата ќе се одржи во Фоајето на Националната опера и балет во 10 часот, а неговото последно испраќање на градските гробишта во Бутел е во 12 часот.

Александар Џамбазов, легендарниот македонски композитор, диригент и, воопшто, исклучителен уметник, кој почина завчера, остави зад себе не само стотина музички дела и шлагерски хитови, туку и многу интересни приказни кои се врзуваат за неговиот приватен живот.
Неговиот славен син, во народот многу омилен шоумен Игор Џамбазов, често сакаше да ги прераскажува тие приказни врзани со неговото име и дело. Па така, Игор и сега се присети, онака оригинално, „по скопски“, на една интересна случка кога служел тој војска во ЈНА, во Белград.

– Во 1981 година, бев во војска. „У Београду“. Кога прв пат ми кажаа дека ми дошла посета „из Македоније“, прашав: „А, кој?“ Дежурниот на капијата, пак, ми рече: „Како ко, па дош’о ти брат!“ Бидејќи од сигурни извори знаев, нели, дека имам само сестра, а не брат, бев сигурен дека е некоја грешка. И кога, конечно, стигнав до капијата, го видов татко ми, Џамбаз. Во фармерки, тексас јакна и со очила „ленонки“, вистинско момче. А, дежурниот ми вика: „Брат ти је закон. А, како само личите, је*о вас пас“.    И денес сфаќам „да је дежурни био у праву“.