Сељак кој нема освоено ама баш ништо

53

Контроверзниот сопственик на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис, со својата најнова теорија, директно го навреди претпоследниот тим во Серија А, Фросиноне. Првиот човек на “азурите” смета дека тимовите кои бележат само негативни резултати во Серија А, треба да платат парична казна, а не да добиваат финансиски награди од Фудбалската федерација на Италија.

Само неколку часа подоцна, Де Лаурентис доби брутален одговор од сопственикот на Фросиноне, Маурицио Стирпе.

  • Таквите ставови се својствени само за некој кој боледува од синдромот Наполи. Јас секогаш моите пари ги имам инвестирано во фудбалската игра. Изградив нов стадион од парите кои ги добив од ТВ-правата. Тоа е нешто што го нема направено Де Лаурентис. Гледам дека на тој сељак му недостасува почитување. Не можам да прифатам совет од некој кој нема освоено ама баш ништо во последните неколку години, изјави Стирпе.

За разлика од Фросиноне, кој е претпоследен на првенствената табела, Наполи е второпласиран, но има девет бода помалку од лидерот и бранител на тронот, тимот на Јувентус.