Сеул: Мачките-директни виновници за повеќе од 100 пожари во 3 години

70

Сопствениците на домашни миленици во Јужна Кореја беа повикани да бидат внимателни откако мачките предизвикаа повеќе од 100 пожари во последните три години, соопштија пожарникарите во Сеул.

Во соопштението на Одделот за пожари и катастрофи во Сеул се наведува дека мачките предизвикале вкупно 107 пожари во куќите во периодот од јануари 2019 година до ноември оваа година, пренесува CNN.

Се верува дека мачките предизвикале пожар со вклучување на електрични шпорети, бидејќи можат да ги вклучат со скокање на копчиња чувствителни на допир, а кога ќе се прегреат, уредите може да се запалат.

Во пожарите се повредени четири лица, од кои нешто повеќе од половина избувнале додека сопствениците на домашни миленици биле надвор, се додава во соопштението.

Одделот, исто така, ги советуваше сопствениците на мачки да ги отстранат запаливите предмети и предложи употреба на електрична плоча за готвење со функција за автоматско заклучување за да се спречи ризикот од пожар.

Според Секторот, 31 ваков пожар се случил во периодот од јануари до септември 2019 година, што е значително зголемување во однос на само осум во 2016 година.

Но, овој проблем не е присутен само во Јужна Кореја, бидејќи според податоците на „American Humane As Association“, домашните миленици се одговорни за околу 1.000 пожари во домовите во САД.