Сетиен донел одлука за Видал

87

Новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен, брзо навлезе во сето она што се случува во клубот. Тој зел решение за иднината на играчот од средниот ред Артуро Видал, кој беше пред трансфер во Интер, бидејќи не добиваше доволно време за играње кај претходникот на Сетиен – Ернесто Валверде.

Според „Ел Мундо Депортиво“, 61-годишниот тренер на Каталонците сака да го задржи чилеанскиот играч од средниот ред барем до крајот на сезоната. Тој верува дека искусниот фудбалер може да и помогне на Барселона со своите вештини во втората половина на сезоната. Сетиен го доставил своето барање до раководството на клубот.

Така, трансферот на Видал во Интер или ќе биде одложен или нема да се случи. Се шпекулира дека „нероазурите“ веќе започнале преговори со Кристијан Ериксен од Тотенхем.