Сестринството од „Благовештение на Пресвета Богородица“ им подари рози на жени од јавните установи во Кичево

56

Во чест на празникот Благовештение на Пресвета Богородица, сестринство од Свештената пречистанаска обител „Благовештение на Пресвета Богородица“ денеска им подари рози на голем број припаднички на понежниот пол вработени во јавните установи во Кичево.

Особена беше честа да се посетат здравствениот дом, клиниката, полицијата, образовните институции, кои ја водат најголемата битка за сочувување и одржување на целокупното здравје, безбедноста и напредокот на жителите од овој град. Срдечно им се заблагодаруваме за нивната безусловна жртва, која секојдневно ја принесуваат за благослостојбата на својот град и Татковината, објави Свештената пречистанаска обител „Благовештение на Пресвета Богородица“ на Фејсбук.

Тие изразуваат надеж дека со овој потег предизвикале искрени емоции и насмевки кај припадничките на понежниот пол „во ова тешко време на искушенија со пандемијата“, додавајќи дека ваквата практрика како традиција ќе продолжи не само овде, туку и во сите градови на нашата земја.

– Семилостивиот Бог да ги води по патот на вистината и да ги штити од секакви неволји и опасности, по молитвите на Неговата Пречиста Мајка, Која беше, е, и засекогаш останува нашата низмерна радост во сите векови. Амин, се додава во објавата на Фејсбук на Свештената пречистанаска обител „Благовештение на Пресвета Богородица“.

Извор:МИА