Минатогодишниот МВП во НБА лигата, Каваи Ленард има сериозни проблеми на приватен план. Имено, сестрата на НБА ѕвездата, Кимеша Монае Вилијамс, е обвинета за убиство, откако заедно со својата пријателка на 31. август нападнале 84 – годишна старица во тоалет во казино во Лас Вегас. Двете на старицата и нанеле тешки повреди на главата од кои несреќната жена починала на 4. септември, а ден претходно сестрата на Ленард и нејзината пријателка биле уапсени.

Кимеша и пријателката од старицата украле помеѓу 800 и 1.200 долари. Денис Вудворт, тетка на обвинетата Кимеша, на локалните медиуми им открила дека таа е сестра на НБА ѕвездата, Каваи Ленард. Не е познато дали новиот играч на ЛА Клиперс го контактирал семејството, ниту пак се огласил по повод овој случај за да потврди дали е во роднинска врска со уапсената.

Меѓутоа, изјавата на тетката на судот му послужила за да не дозволат Кимеша да биде пуштена со кауција, за да се брани од слобода.

Вилијамс претходно била осудувана за кражби и за обид за грабеж, а локалните медиуми открија дека таа и нејзината пријателка биле одговорни за кражба на паричник во казино пред четири години.