Сесењон како лев бек

101

Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Ливерпул, е последниот кој покажа интерес за услугите на големиот талент од редовите на новиот англиски второлигаш, тимот на Фулам, Рајан Сесењон.

Офанзивниот лев бек веќе ги информирал раководните лица дека нема планира да игра во втората лига и дека сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок. Неколку клубови покажаа сериозен интерес за неговите услуги, а Фулам очекува понуда која нема да биде помала од 30 мил. фунти.