Серхио Љуљ го постигна својот 3000-ти поен во дресот на Реал Мадрид. Тој стана само седмиот играч во историјата на Евролигата кој постигнал 3.000 поени.

Тоа го стори во четвртото коло во Евролигата, кога кошаркарите на Реал Мадрид загубија од Олимпија од Милано со 78:70.

Љуљ во тој пораз запиша 8 поени за вкупно 3.000 коша во кариерата во Евролигата, а пред него на оваа листа е Фелипе Рејес со 3.022 поени. На врвот на листата е Василис Спанулис со 4.272 поени.