Пилотот на Рејсинг поинт, Мексиканецот Серхио Перез, е победник на трката за Големата награда на Бахреин, на патеката „Сахир“, претпоследната трка во Формула 1 во која не учествуваше светскиот шампион Луис Хамилтон, поради зараза со коронавирус.

Перез беше на 18-то место на крајот од првиот круг, но благодарение на одличното возење, добрата тимска тактика, но и грешките на Мерцедес, тој стигна до првата победа во кариерата. Со тоа стана првиот Мексиканец кој славел на една трка во Ф1 по 1970 година, кога Педро Родригез успеа во тоа.

Втор беше возачот на Рено, Естебан Окон, за кого тоа беше прв подиум во неговата кариера, а Канаѓанецот Ленс Строл го освои третото место за Расинг Поинт.

  • Се надевам дека не сонувам, бидејќи сонував за овој момент веќе 10 години, истакна Перез по трката, па додаде:
  • Не знам што да кажам. По првиот круг трката заврши за мене, но не сакав да се предадам. Немавме среќа оваа сезона, но мислам дека заслуживме да победиме денес. Оваа победа ми носи малку повеќе мир.

Перез е без договор за следната сезона, па токму оваа победа може да му донесе место во некој од тимовите.

  • Она што се случува не е во мои раце. Сакам да продолжам, но ако не возам следната сезона, ќе се вратам во 2022 година, вели Перез.