Серија „А” еднаш неделно на МТВ

165

Љубителите на италијанската Серија „А” во Северна Македонија од новата сезона ќе можат да следат натпревари на националниот сервис.

Првиот меч кој ќе оди на националниот канал е пресметката на Интер против Лече закажана за во понеделник од 20.45 часот. Од секое натпреварувачко коло ќе биде обезбеден по еден ТВ пренос.

МТВ преговара и за пренесување на дел од возбудувањата од француското фудбалско првенство.