Сериозна рецесија во САД е неизбежна

64

Дојче банк објави алармантен извештај во кој се анализираат статистички податоци од последните 200 години и се предвидува тешка рецесија со 100 проценти веројатност за американската економија.

Ова го истакна Питер Стоунџ, економски експерт на фондацијата Херитаџ и автор на економски коментари во Волстрит журнал и Блумберг, пренесува Новости.

Тој истакна дека банките пропаѓаат и дека понудата на пари се намалува со најбрзо темпо од 1930-тите, но дека главната разлика во споредба со периодот на најголемата криза во 20 век е тоа што САД во тој период немале ниту приближно ниво на национален долг кој ги имаат денес.

Како што наведе, федералниот долг бил под 20 отсто од БДП, а денес е над 100 отсто од БДП, а според Конгресот е на пат да го достигне нивото од 200 отсто.

Стоунџ рече дека Американците можат само да се надеваат дека креаторите на политиката „не се толку глупави како во 1930 година, кога двете партии се обединија да ја уништат економијата со таканареченото централно планирање наместо со механизмите што економиите вообичаено ги користат за закрепнување“.
Имајќи ги предвид одлуките на администрацијата на Бајден во последните две години, од енергијата, преку потрошувачката до капиталот, креаторите на политиката сега можат да направат полоши грешки, напиша Стоунџ.

Дојче Банк во својот извештај ја истакнува загриженоста за пазарот на недвижности, кој бележи најголем пад од 2008 година и се заканува да пропадне, растот на потрошувачките кредити и падот на заштедите.

Стоунџ истакнува дека „секое економско училиште знае дека зголемувањето на каматните стапки секој пат води до тешка рецесија, ако не и депресија, бидејќи тоа е шема буквално со векови, откако централните банкари ја презедоа контролата“.