Американската тенисерка Серена Вилијамс, се повлече од грен слем турнирот Ролан Гарос. Таа се откажа од мечот против Бугарката Цветана Пиронкова, кој требаше да го одигра во 2. коло на турнирот.

Серена по првото коло откри дека тешко се движи на теренот, а два дена подоцна одлучи да се повлече. Вилијамс во првото коло ја елиминираше својата сонародничка Кристин Ан со 7:6, 6:0, но заради повредата на ахловата тетива и лошите услови во Париз одлучи да се повлече од турнирот.