Американската тенисерка Серена Вилијамс се повлече од турнирот во Синсинати. Во првото коло поранешниот светски тениски рекет број еден требаше да игра со Зарина Дијас од Казахстан.

– Тажна сум затоа што морам да се повлечам од Синсинати, бидејќи тоа е еден од турнирите на кој најмногу сакам да играм. Дадов се од себе за да бидам подготвена за овој турнир, бев многу голем оптимист по утринскиот тренинг, но свесна сум заради состојбата во кја е мојот грб дека морам да се повлечам. Сенадевам дека ќе бидам подготвена за настапна САД Опен, изјави Серена, која заради истата повреда го предаде финалето на турнирот во Торонто.

Турнирот во Синсинати се игра за паричен награден фонд од 2,64 милиони долари, а преходно настапот го откажа и Шпанецот Рафаел Надал.

Иако се уште е рано, се случи и првото откажување на турнирот во Њујорк. Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро нема да настапи на последниот грен слем турнир САД Опен. Триесетгодишниот Дел Потро нема време да закрепне од повредата добиена во јуни на турнир во Лондон. Тој беше подложен на операција на десното колено.

Отвореното првенство на САД во Њујорк ќе се одржи од 26 август до 8 септември