Сениорите немаа милост за „штркчињата“

82

Историската пресметка помеѓу два тима на ист клуб, МЗТ Скопје Аеродром и МЗТ Скопје УНИ Банка, сосема очекувано заврши со убедлив триумф на поискусните од 108:77.

Тренерот Ѓорѓи Кочов ја искористи можноста да ги одмори Џабари Хиндс, Нуни Омот, Дамјан Стојановски и Марко Симоновски во пресрет на дербито од АБА2-лигата в среда против Борац Чачак.

Андреј Маслинко со 27 поени и 15 скока беше најдобар во сениорскиот состав на шампионот, Андреј Магдевски беше веднаш зад него со 21 поен и осум асистенции, додека Кристијан Николов дополни со 19 поени, четири поени и пет асистенции.

ФОТО: П.Стојановски