Популарната пејачка Сенида Хајдарпашиќ не крие  дека од дете  ја слушала фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ. Иако нивните музички правци се ралични и неспоиви, може да се рече дека и не е баш така. Односно, Сенида откри многу интересен факат, за кој малкумина знаат.

– Сестра ми и јас знаевме да ги забавуваме роднините во Црна Гора со нејзините песни. Тoгаш  правевме мини перформанси, мали сцени, пеевме  и игравме  на песните на  Цеца . Мајка ми сакаше да биде пејачка, но нејзиното семејство не го дозволи тоа,  рече тажно, спомнувајќи ја нејзината почината мајка, за “siol.net”.

Имено, нејзините родители се со потекло од Црна Гора, каде како дете  поминувала многу време, дури и двапати годишно, што било доволно за да ги засакака и фолк пејачите, бидејќи со нејзиното семејството живеела во Словенија.

Да потсетиме, Сенидах ја започнала нејзината успешна кариера пред неколку години, прво како пејачка во Словенија, но со мега-хитот „Слаѓана“, нејзината популарност избувна и се рашири на целиот Балкан.