Сензори ќе ги ловат емоциите на посетителите во Старата скопска чаршија

227

Скопската жива градска лабораторија (SkULL) почна со поставување на ИКТ сензорски системи во Старата скопска чаршија. Станува збор за DFRC, ACCIONA и VILNUS системи кои ќе генерираат различни статистички податоци, за бројот на посетителите, микроклиматски состојби, како и невроаналитички податоци кои ќе ја рефлектираат емотивната состојба на посетителите.

Во моментов во тек е поставувањето на дел од оваа опрема во неколку институции и културно-историски споменици лоцирани во Старата скопска чаршија.

– Целта за поставувањето на овие сензори е да овозможи еден иновативен пристап при генерирање и анализа на различниот тип на статистички податоци во јавните простори кои можат да помогнат во согледување на потребите и неопходните промени кои треба да се направат во дадената област која ќе биде предмет на набљудување – информираат од Град Скопје.

Оваа активност се реализира во рамки на #ROCK проектот која претставува првичен чекор кон развојот на паметни градски иновации, во која преку изнаоѓање на решенија ќе се придонесе кон развој и самоодржливост на овој простор како културно наследство.