Археолозите во северно Перу, пронашле древен релјеф од загубената цивилизација Карал, за кој се верува дека е стар околу 3.800 години. Релјефот е пронајден во археолошкиот локалитет Вичам, северно од главниот град Лима.

Тимот од археолози наишол на мурал на кој е прикажана жаба со човечки лик, чии предни нозе се околу главата на човек.

Археолозите велат дека во андските цивилизации жабата претставувала вода, а лицето под неа претставува човек кој чека дожд, за да го продолжи животот.

Ископувањата во Вичам почнале во 2007 година и овој локалитет постојано открива нови информации за древната цивилзација.

Се верува дека Карал е најстарата цивилизација во двете Америки и датира од 3.000 година пред новата ера, а мистериозно исчезнала околу 1.600 година пред новата ера.