Сенаторот Менендез соопшти дека Трамп го известил Конгресот за повлекувањето на САД од СЗО

23

Еден од лидерите на демократите во американскиот Сенат, Боб Менендез,  соопшти  дека администрацијата на Трамп го известила Конгресот за повлекувањето на САД од Светската здравствена организација, одлука што доаѓа во моменти на постојани критики на Белата куќа за работата на ова глобално здравствено тело, јави ДПА.

„Конгресот доби известување дека ПОТУС официјално ги повлече САД од @СЗО среде пандемијата“, напиша сенаторот Менендез на Твитер, користејќи ја кратенката за претседател на САД.

Менендез е еден од врвните демократски сенатори во Комисијата за надворешни работи на Сенатот,, потсетува германската агенција.

Американскиот претседател Доналд Трамп во мај изјави дека САД ќе се повлечат од СЗО, обвинувајќи ја организацијата за неуспехот во борбата со пандемијата на коронавирусот и ја обвини дека е марионета на Кина. Притоа тој најави и дека ќе го запре финансирањето на организацијата.

Извор:МИА