Сенаторка смета дека абортусот треба да биде болен, а жените да трпат

157

Републиканската сенаторка од Мичиген вели дека абортусот треба да ги боли жените, пишува Индипендент.

Сенаторката Ким Ласата ова го изјави среде дебатата за абортусот што се одвива во САД. Таа за Радио Мичиген ја бранеше предложената забрана за постапката за абортус позната како „дилатација и евакуација“ која вообичаено се користи во второто тримесечје.

-Се разбира дека треба да им биде тешко, а постапката да биде болна, и треба на Бог да му се дозволи да се погрижи за тоа, и тоа бебе треба да се роди, а вие да се справите со ситуацијата, изјави Ласата.

Таа откри дека имала абортус кога лекарите ѝ кажале дека фетусот нема да го преживее раѓањето. Фетусот бил мртвороден по раѓањето, што таа го нарече „Господ ме чувал“. Ласата изјави дека сите жени треба да го носат фетусот до крај без оглед дали тој ќе преживее или не.

Неделава во Алабама беше изгласан закон според кој абортусот станува кривично дело за кое се заканува казна до 99 години затвор за лекарот што го извршил.

Пред шест недели и Џорџија го забрани абортусот по шест недели бременост со т.н. Закон за срцева акција.