Семејна драма во Врање поради вирусот корона-таткото и подлегнал на заразата, мајката хоспитализирана, деца сами дома

930

Вирусот корона влијаеше погубно и на четиричлено семејство од Врање, Србија. Таткото отишол во болница да се лекува од вирусот корона, ама не се изборил со заразата. Мајката била однесена во болница на денот на неговиот погреб, иако денови пред тоа, во куќна изолација, имала симптоми на вирусот корона. Дури тогаш била тестирана, па хоспитализирана. Децата на возраст од 16,14 и 9 години останале сосема сами во семејниот стан, пренесува Нова.рс.

Како што наведува изворот, тие имаат роднини кои би можеле да ја преземат грижата за нив додека да се врати мајката од болница, ама единствена препрека е што тие не се тестираат за присуство на вирусот.

„Додека таткото беше во болница, мајката на децата цело време имаше симптоми. Беше во изолација со децата, никаде не излегуваа. Таткото во еден момент се почувствува подобро, беше релативно млад, на 45-годишна возраст, ама беше дијабетичар и почина од последици од вирусот корона. Следниот ден беше погребан, а мајката беше сместена во болница и тестирана. Тоа беше пред неколку дена. Децата се оттогаш сами. Исплашени се, бидејќи по смртта на таткото и мајката не е со нив, наведува извор за Нова.рс.

Од телевизијата пренесуваат дека не успеале да стапат во контакт со надлежните лица и да добијат одговор од Институтот за јавно здравје на Србија за тоа која е процедурата во вакви случаи кога родителите, односно старателите се позитивни на вирусот корона и се однесени на болничко лекување, или починати како последица на вирусот.
Во меѓувреме, децата остануваат сами.

Инаку, во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се пет нови смртни случаи со што вкупниот број на починати се искачи на 44 лица, изјави на редовната прес конференција на владиниот кризен штаб лекарот Горан Стевановиќ.

Извор:Нова.рс.