Семеен проект на популарниот пејач: Бебек со нови песни за ќерката и синот – “Ќерко моја“ и “Каков татко…“

154

Жељко Бебек, некогашниот пејач на славното “Бијело дугме“, поодамна има своја успешна соло кариера. И без “Бијело дугме“, без разлика на тоа што постоеше криво мислење дека тој ќе пропадне, се случи спротивното.                                                    Бебек на својот репертоара има многу свои хитови, а од неодамна може да се пофали и со најновиот, кој е посветен на неговата ќерка. Песната “Ќерко моја, тој нека те сака, колку што те сакам јас“ е воедно посветена и на сите татковци кои имаат ќерки, а кои еден убав ден ќе ги придружуваат ќерките до олтар со избраникот на нивното срце, кога тие ќе го кажат судбоносното ДА.                                                                   Текстот од оваа песна силно допира до срцата на публиката особено кога Бебек онака силно машки ќе запее, како некогаш во “Бијело дугме“: “Не сум помалку машко, доколку сега плачам, годините поминаа и без да се свртам…“

Прекрасните зборови се на хит-мејкерот Ненад Нинчевиќ, а музиката е на исто така успешниот Бранимир Михаљевиќ, кој е воедно и аранжер. За песната е снимен и видеоспот во кој заедно со славниот татко се појавува и самата Катарина Бебек, идната невеста. Тука со нив е нејзиниот брат Звоне Бебек, кој свири соло секции на гитара. Спотот е во режија на Сандра Михаљевиќ. Нашите извори велат дека Бебек наскоро ќе сними уште една нова песна, но таа ќе ја посвети на синот Звоне, а ќе биде насловена како “Каков татко, таков син“. Публиката е веќе крајно нестрплива! (Д.М.)