Португалскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Нелсон Семедо, ја помина ноќта во болницата во Билбао, каде беше под постојан надзор од лекарскиот тим, стои во официјалното соопштение на старо-новиот шампион на Шпанија.

Офанзивниот бек заработи повреда на главата на првенствениот дуел против екипата на Еибар која заврши без победник 2:2.

Доколку се биде во ред, Семедо ќе се врати во Барселона, но тешко е за верување дека ќе биде во комбинација за финалниот натпревар од Купот на Шпанија.