Сиромашни, обземени од долгови, селаните кои се борат да ги прехранат своите деца, велат дека немале друг избор освен да жртвуваат орган за да ги спасат своите семејства. Продажбата или купувањето на човечки органи во Авганистан е легална

Саишанба Базар, село во близина на авганистанскиот град Херат, стана познато како „село со еден бубрег“ поради големиот број луѓе кои продаваат еден од своите бубрези на црниот пазар за да врзат крај со крај.

Сиромашни, обземени од долгови, селаните кои се борат да ги прехранат своите деца, велат дека немале друг избор освен да жртвуваат орган за да ги спасат своите семејства, пишува france24.com.

„Го продадов мојот бубрег за 900 долари“, изјави една жена за АФП. Морав да го сторам тоа. „Мојот сопруг не работи, имаме долгови“.

„Моите деца талкаат по улиците просат“, додаде Азиза, мајка на три деца. „Ако не го продадам бубрегот, ќе морам да ја продадам и мојата едногодишна ќерка.

„Не сакав, но немав избор. „Го направив тоа за моите деца“, вели Нуридим, 32-годишен татко. „Сега се каам, не можам повеќе да работам, ме боли и не можам да кревам ништо тешко“.

Продажбата или купувањето на човечки органи е нелегална во повеќето земји во светот, но во Авганистан тоа не е регулирано и со писмена согласност од донаторот лекарите ја вршат операцијата.

Што се случува по донацијата, каде одат органите, навистина никој не знае, а лекарите признаваат дека никогаш не ги истражуваат овие прашања, бидејќи „не е нивна работа“ да го прават тоа.

Иако е невозможно да се знае точно колку бубрези се продадени од Авганистан, записите покажуваат дека се направени стотици операции за отстранување на бубрегот. А како што се влошуваат финансиските проблеми на луѓето, така се зголемува и бројот на вакви операции.