Село како и секое друго, освен што сите жители имаат деменција и живеат нормално/ВИДЕО

124

Хогевеј изгледа како обично село каде неговите жители водат нормален живот. Тие одат на шопинг, разговараат за времето и играат бинго во недела.

Но, има нешто што ги разликува 152-те жители на ова холандско село од другите: сите тие се луѓе со деменција.

Хоговеј е всушност дом за стари лица чија цел е да ги натера старите луѓе да страдаат што помалку во подоцнежните години.

Селото се состои од 23 куќи со шест, седум жители и негувател кој им готви, ги носи на социјални настани, помага при пазарење на намирници и се грижи за нив со цел да бидат што е можно побезбедни.

Хогевеј започна со работа во 1993 година, како типичен дом за стари лица.

Но, персоналот брзо сфати дека постои подобар, похуман начин да се обезбеди грижа, начинот на кој нивните родители би сакале тие да живеат.

Тие одлучија да им овозможат на постарите лица понормален живот, да не чувствуваат дека некаде се под принуда и што повеќе да се вклопат во елементите на надворешниот свет.

Персоналот на Хоговеј составен од 250 лица, е обучен да се фокусира на истакнување на она што можат да направат жителите, а не на она што не можат.

Негувателките и домаќинките во Хоговеј користат внатрешна валута за да им помогнат на своите жители да купат намирници во целосно функционален супермаркет.

Жителите, исто така, можат да користат вистински пари ако сакаат, но само мал број од нив се способни за тоа.

Како дел од нормалниот процес на буџетирање на институцијата, дел од парите (не вистинска валута) се доделуваат на секоја од 23-те куќи.

Со помош од старателите, на куќите им останува да ги буџетираат парите како што им одговара во текот на месецот.

За секој член на оваа заедница се користи индивидуален пристап, а медицинските експерти се трудат да ги задоволат потребите на секој жител, во согласност со неговите потреби.

Вработените во „Хогевеј“ сметаат дека на луѓето со деменција не треба ништо да им недостасува во животот, па им е дозволено одвреме-навреме да испијат чаша вино или пиво, но се внимава да не злоупотребуваат.

Тие вложуваат посебен напор да им овозможат да се дружат во клубови, да пополнуваат бинго, да разговараат со соседите, да шетаат и да гледаат театарски претстави.

Истражувањата покажаа дека осаменоста е исто толку смртоносна како пушењето и двапати посмртоносна од дебелината.

Луѓето со Алцхајмерова болест и деменција се охрабруваат да останат физички активни за да можат нивните умови и тела да бидат ангажирани.

Дури и самото седење на клупи во градината може да го подобри нивното расположение и општата благосостојба.

Резултатите покажуваат дека жителите на ова холандско село користат помалку лекови, подобро јадат, се позадоволни и живеат подолго.