Селин Дион боледува од неизлечива болест – ги откажа настапите, а нејзината порака ги трогна обожавателите

5156

Селин Дион ја откажа светската турнеја „Courage“ поради невролошко пореметување од кое боледува.

Пејачката, која сега има 55 години, претходно ги одложи планираните настапи откако во декември јавно изјави дека и е дијагностицирано нарушување познато како синдром на вкочанета личност.
Во петокот, Селин на Инстаграм со „огромно разочарувањее“ објави дека  не може да настапи на нејзината светска турнеја, додавајќи дека „навистина работи напорно за да си ја врати силата“.

„Многу ми е жал што уште еднаш ве разочарувам сите. Работам навистина напорно за да ја вратам силата, но турнеите може да бидат многу тешки дури и кога сте 100% здрави. Не е фер кон вас што постојано ги одложуваме настапите, и иако тоа ми го крши срцето, најдобро е да откажеме сè сега додека не бидам навистина подготвена да се вратам на сцената“, напиша пејачката.
Оваа болест се карактеризира со чести мускулни грчеви, а „напаѓа“ еден од милион пациент. Со текот на времето, заболените почнуваат да имаат потешкотии во движењето, ја губат и моќта на говорот, а синдромот е најпознат по тоа што „оние кои страдаат од него ги претвора во човечки статуи“.

За оваа болест сè уште не е откриен лек, а третмани кои можат да помогнат само го забавуваат напредокот на болеста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)