СЕК: Заштита на малите инвеститори во случај на нападни или манипулативни трејдерски активности 

23

Комисијата за хартии од вредност и тргувања на берзите на САД (СЕК) излезе со соопштение денеска во врска со неконтролираните трансакции неделава со акции на компании како GameStop, AMC Entertainment или Blackberry.

-Агенцијата внимателно ги набљудува чекорите преземени од компании кои се под регулација, а кои можат да ги измамат инвеститорите или на друг нчин да ја спречат нивната можност да тргуваат со одредени хартии од вредност, се вели во соопштението. 

Од СЕК истакнуваат дека се подготвени да ги заштитат малите инвеститори кога фактите укажуваат на манипулативни или нападни трејдерски активности, забранети со сојузните закони за хартии од вредност. 

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, акциите на GameStop денеска на берзите повторно пораснаа, и тоа за 60 отсто, по неконтролираната побарувачка вчера откако пораснаа за 135 отсто. Акциите на AMC и BlackBerry исто така постигнаа рекордна побарувачка, вознемирувајќи ги духовите на берзите на Волстрит и регулаторите, од можност за колапс на цените на акциите на технолошките компании и големи загуби. 

Феноменот се должи на таканаречение нестандардни трејдери. Се работи за илјадници обични, пред се млади Американци, без аналитичко искуство и познавање на тргувањата на берзите, кои за време на пандемијата започнаа да вложуваат мали суми во егзотични технолошки брендови познати од пред 20 или 30 години, со надеж за голема заработувачка, додека чатовите на Твитер и други социјални мрежи, најверојатно неосновано, ја подигаат вредноста на тие компании. 

Тргувањата се прават едноставно, преку бесплатни апликации како Робинхуд или Интерактив брокерс, чии системи неделава беа преоптоварени, по што вчера тие привремено ги прекинаа услугите. Истите, сега се обидуват да ја подигнат својата цена со побарување на нови вложувања од инвестори. 

Од Робинхуд вчера истакнаа дека ги лимитирала тргувањата со акции за да проверат дали се запазуваат финансиските закони „вклучувајќи ги обврските за нето капитал кон СЕК и кон сметководствените центри“.

Извор:МИА