Секс за една вечер со сериски убиец: Жена ја дознава мрачната позадина на љубовникот од младоста

215

Во објава за Слејт, жена по име Џил Меккејб Џонсон раскажува една ноќ од својата младост, кога како 18-годишна девојка имала секс за една вечер со по малку чуден, повозрасен човек – за кој сега верува дека е Гери Леон Риџвеј, озлогласениот убиец познат како „Грин Ривер килер“.

Жената се сеќава како сретнала строен, синоок човек во вестерн-клуб во близина на аеродромот Сиетл-Такома во државата Вашингтон. Човекот се претставил како Гери и тврдел дека има 29 години, но неа и изгледал постар од што се претставил, пишува Пипл.

“Тогаш немав причина да се сомневам во било што во врска со Гери. Налетав на него неколку пати и ми се чинеше баш фин”. Не се обидуваше да украде ниту допир, ниту бакнеж за време на танцот, објаснува Меккејб Џонсон.

Двајцата заминале кај неа дома, имале секс, но предходно тој и ја покажал својата бизнис-картичка, како и фотографија од својот син, а и рекол и дека е во фаза на разведување и дека се занимава со сликање – детали кои 40 години подоцна таа ќе ги препознае, кога ќе се поклопат со информациите по телевизиите за серискиот убиец тогаш фатен: Гери Реџвик, кој им покажувал на жените бизнис-картичка и фотографија од неговиот син, за да не се сомневаат во него.

„Толку добро се криел, што неговите жртви никогаш не сфатија дека мажот со фотографија од дете во паричникот е всушност најсмртоносниот сексуален предатор“, анализираат ангажираните на случајот.

Гери Риџвик ги има признаено убиствата на вкупно 71 тинејџерки и жени за време на осумдесеттите и деведесеттите години. Познат е по тоа што ги задавувал жртвите за време на сексуалниот однос.

Причината поради која Џил Меккејб Џонсон извлекла жива глава можеби е фактот што кусо по нивниот сексуален однос, дома се вратиле нејзините цимерки и го уплашиле, при што тој веднаш си заминал.