Сексуално образование во македонските училишта

106

На вчерашната седница, Владата ја прифатила Информацијата на Министерството за
образование и наука за воведување пилот програма за сеопфатно сексуално
образование во 9-тиот степен на основното образование во четири училишта, две во
урбана средина, едно во рурална средина и едно училиште каде мнозинство од
учениците се од малцинските етнички заедници.

Пилотирањето, согласно Акцискиот план е предвидено да отпочне со реализација во
2021 година, откако претходно ќе бидат завршени сите планирани чекори: изработка
на материјали за обука на наставниците, обука на наставниците и изработка и
пилотирање на инструментите за евалуација на пилот програмата.