Отсекогаш сум се восхитувала на индијанските обичаи и традиција од која може многу да се научи за духовноста и силната поврзаност со природата, да се искаже благодарност кон природата, да се слави животот, вели згодната пејачка откако крена голем медиумски прав со фотографиите 

Веќе е добро познато дека поради пандемијата со коронавирусот угостителските објекти во Македонија не смеат да ангажираат естрадни уметници, пејачи, музичари, што значи дека не заработуваат и дека единствено во овој период им се се уште оние финансии добиени како еднократна помош од државата.

Некои од нив потполно се повлекоа од естрадната сцена, некои се иселија од државата, некои се преквалификуваа и сега се пак во своите предходни професии. Има и такви кои воопшто не и придаваат важност на здравствената криза која донесе и беспарица во онаа смисла дека треба да се жали над судбината.
Мегапопуларната македонска фолк-пејачка Сузана Гавазова е непоправлив оптимиста и е од оние која не се предава. Во ова време на пандемијата која е, за жал, се посилна, Гавазова секако здрава и жива, умно си ги осмислила деновите со најразновидни активности.

Додуша, еднаш (пред еден месец) пееше на некоја свадба во соседна Бугарија, додека останатиот дел е во Струмица со децата, сопругот Јасмин и со роднините и пријателите. Нема дружење, нема групирање, нема забави, но затоа кај згодната Гавазова има премногу добри идеи кои таа совршено ги реализира. Овој пат пејачката навистина многу пријатно изненади со сликите на кои е како вистинска Индијанка, облечена заедно со своите ќерки во индијански костуми со индијански фризури.

И така облечена Сузана и ако не е на сцената под рефлекторите пак го истакнува целиот свој раскош и сексапил на кој можат да и позавидат не само нашите, туку и пејачките од белиот свет.

-Отсекогаш сум се восхитувала на индијанските обичаи и традиција од која може многу да се научи за духовната и силната поврзаност со природата. Да се искаже благодарност кон природата, да се слави животот. Има една мудрост од Индијанците: Оди исправено како стебло. Живеј го животот силно како планина. Биди нежен како пролетниот ветер. Чувај ја топлината на сонцето во срцето,па големиот дух секогаш ќе биде со тебе, вели Гавазова за која мислите на Индијанците и се секогаш инспирација и водилка низ животот.
(Д.М.)