Секој месец 150 сиромашни семејства добиваат прехранбени пакети

136

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар, Васко Кичевски, во рамки на проектот „Нула глад“, вчера поделија прехранбени пакети на лица од 150 семејства со висок социјален ризик, кои живеат на територија на Центар.

Од општината соопштија дека оваа активност се спроведува по шести пат во рамки на Националната акција „Нула глад“, во соработка со здружението „Банка за храна“.

– Целта е да се обезбеди храна и да се олесни секојдневието на семејствата на кои најмногу им треба помош. Пакетите се делат секој месец на лица од семејства со висок социјален ризик. Секој пакет содржи прехранбени производи за еден месец, односно 25 до 30 оброци од пакет – посочија од општината и упатија благодарност до неколку маркети што ја донираа храната.