Во 1981 година, една католичка калуѓерка од Сингапур почнала да се допишува со затвореничка која поради злосторствата што ги сторила била осудена на смртна казна. Неколкуте писма продолжиле во допишување кое траело цели 7 години.

Оваа калуѓерка е сестра Жерар Фернандез, а затвореничка била Тан Муи Чу, нејзина некогашна ученичка, која стасала до затвор поради едно од најбруталните убиства пто се имаат случено во таа земја.

Сестрата ја знаела како Кетрин, слатко мало девојче што потекнува од посветено семејство, а девојчето одело во верско училиште. Сепак, години подоцна Тан, со нејзиниот сопруг Адријан и неговата љубовница Хое Ка Хонг, е осудена за ритуално убиство на две мали деца, пишува Би би си.

-Таа сторила ужасна работа, многу има згрешено. Многу бев тажна кога го слушнав тоа, ама знаев дека морамд а ја видам, раскажува денес 81-годишната калуѓерка.

Четири години ја посетувала в затвор, поминувајќи ги долгите вечери во молитва. Тоа им овозможило повторно да се поврзат и да изградат подлабоко разбирање, објаснува калуѓерката.

-Бев таму да и ја дадам мојата поддршка и таа знаеше дека може да разговара со мене. Мислам дека тоа ја ослободи од затворот во нејзината глава, вели таа.

Останала со неа до самиот крајм до 25 ноември 1988 година кога Тан била погубена.

-Секој човек вреди повеќе од она најлошото што го сторил. Без оглед на гревовите, секој заслужува достоинствена смрт, смета калуѓерката.

Сместен на североистокот од Сингапур на неколку минути возење од аеродромот се наоѓа високо обезбеден затворски комплекс и местото што е предвидено за извршување смртни казни.

Таму Тано Муи Чу била една од 18-те кои сестра Жерард ги испратила до бесилката.

-Смртната казна не е нешто што човек спремно го прифаќа. Потребно е време за секој од осудените да ја прифати својата судбина и да се помири со крајноста и болката што го чекаат, објаснува калуѓерката која 40 години од својот живот има посветено на работа со затвореници.

Таа вели дека на затворениците им е потребно многу емоционална, ментална и духовна поддршка токму поради злоделата што ги направиле. Така добиваат шанса да сфатат колку зло имаат направено и да се покајат.

Инаку, смртната казна во Сингапур е контроверзна тема. Овој богат град-држава во југоистона Азија се фали со ниската стапка на криминал и репутацијата на безбедно место. Но, колку смртни казни се извршени во Сингапур во последните години, не е познато. Амнести интернешнл тврди дека од 1993 година до сега се извршени 420, или дваесетина годишно.

Што се е казниво во Сингапур, освен не пуштање вода во тоалет

Богатиот и егзотичен Сингапур е познат како „град на казните“ токму поради строгите закони. На пример, поседување марихуана се смета за еднакво злосторство како поседување хероин, а поголемо количество значи смртна казна.

Противзаконски е да не се пушти вода зад себе во јавен тоалет, а предвидената казна е парична. Сепак во екстремни случаи казната може да биде и камшикување. Специјалната полиција често ги проверува тоалетите.

Оној кој ќе извалка улица бидува осуден трипати во неделата да ја мие улицата и да носи знак „јас ја валкав улицата“.

Забрането е носење џебни ножеви од секаков вид, казната е камшикување.

Навредување на улица, а особено дофрлање на жени е строго казниво – парично или со затвор.

Плејбој и порнографски списанија се забранети.

Пушење е забрането на јавно место – казна 5000 долари.

Илегални собири се забранети по 22 часот. Илегални собири се сите собири на кои повеќе од двајца луѓе се заедно на исто место.

Костистење на туѓа WiFi мрежа е кривично дело, а казната е паричка плус затвор.