Секое четврто лице во  Македонија ќе има над 65 години во 2050 година

153

Секое четврто лице во  Македонија ќе има над 65 години во 2050 година во споредба со околу 14 проценти во моментов, а само една третина од постарите луѓе во земјава го сметаат сопственото здравје за добро или многу добро што е значително пониско од просекот на Европската Унија, покажуваат податоците од Светската здравствена организација.

Ова беше истакнато на настанот по повод годинашниот Светски ден на хосписот и палијативната нега во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје, на тема „Никој не смее да биде изоставен-правичност во пристапот до палијативна нега“.

Како што населението старее и има поголема инциденца на незаразни болести, станува сè поважно да се подобри палијативната нега.

Податоците од истражувањето „Постарите лица и пристапот до интегрирана здравствена заштита фокусирана на луѓето во Северна Македонија” објавено во 2021 година, укажуваат дека населението во  Македонија денес старее многу побрзо отколку во минатото. Секое четврто лице во  Македонија ќе има над 65 години во 2050 година, во споредба со околу 14 проценти во моментов. Податоците покажуваат дека само една третина од постарите луѓе во земјава го сметаат сопственото здравје за добро или многу добро, што е значително пониско од просекот на ЕУ.