Младиот руски тенисер Данил Медведев даде интересна изјава во која откри дека како мал секогаш навивал против Швајцарецот Роже Федерер.

Медведев очигледно не ги поднесувал оние кои постојано победуваат, па затоа и Барселона му била најомразениот фудбалски тим.

  • Во својата 37. година, Федерер можел да одигра пет сета на земја и потполно да биде спремен за наредниот меч за два дена. Порано тоа не беше можно, но медицината напредуваше, тука се физиотерапевтите. Порано играчите ја завршуваа кариерата на 30 години, бидејќи буквално не можеа да се движат. Кога имав десет години, го мразев Федерер. Не го поднесував тоа што постојано победува. Веќе од првото коло, навивав за неговиот противник. Кога Барселона  ги освои сите титули во фудбал ги очекував нејзините порази, односно по секоја цена сакав да загуби. Сега сум фокусиран само на себе, другите не ме интересираат, ако испаднам во прво коло сеедно ми е кој ќе ја освои титулата, Надал, Федерер или Новак, заврши Русинот.