Сека нема нов хит, но има нова куса коса, дополнета со раскошните гради

766

Популарната ама и природно раскошно градеста српска пејачка Сека Алексиќ, која знае да изненадува со својот изглед, освен со песните, вчера буквално ги изненади следбениците на Инстаграм, откако објави фотографија со својата нова фризура.
Пејачката сега повторно има куса коса како некогаш, а вели дека воопшто не се кае поради тоа. Си ја исече долгата коса.

–Косата пак ќе израсне, но на некои луѓе умот никако да им порасне и да им дојде на свое место, вели таа повикувајќи се на некои доста лоши коментари поради оваа нејзина физичка промена.
Фотографијата која Сека ја објави, буквално ги стресе социјалните мрежи. А, не е гола или да е во костим за капење…. Па сега замислете си да беше како од мајка родена што би се случило.
Сека е инаку позната по менување на имиџот низ годините наназад, но за ваква куса коса таа одамна собираше храброст. Не беше сигурна во успехот кај публиката кога веќе нема нов хит. Тоа е тоа, дај што ќе дадеш, само да не бидеш заборавен. Никако! (Д.М.)