Сека Алексиќ: „Мајка си е мајка, таа е мојата кралица!“Популарната пејачка слабо ја открива приватноста, но знае да направи исклучоци

172

– Многу мала започнав да пеам за да ѝ помогнам на мојата мајка, која се бореше за секоја паричка, за мене, за да се извлечеме од тешкиот живот во кој западнавме поради војната со распадот на Југославија. А, и поради семејната сиромаштија – вака потресно зборува Сека Алексиќ, која сега е една од најпопуларните пејачки на просторите од Вардар до Триглав.

– Мајка ми и брат ми одеа на сите мои настапи, а имав и среќа да имам музичари кои воедно ми беа како постари браќа, ме чуваа и се грижеа за мене како дел од семејството. И тогаш, на тие тезги, беше како и денес. Пијани, невоспитани гости, некои бараа да имаат секс со мене, но сите беа културно одбивани – се пожали Сека пред неколку дена во една ТВ-емисија.

Воедно, призна дека единствено има завршено фризерско училиште и дека не се чувствува помалку вредна поради тоа.

– И без факултет, денес може да заработите за убав живот. Ако знаете да се снајдете, ако ви се сложат коцките и ако имате среќа.

Кај мене, сè се сложи, се погоди, дури сега и мажот ми се погоди. Мојот Вељко, со него и со нашите деца животот ми е осмислен. Зад себе имам еден неуспешен брак, не е тоа некоја тајна. За среќа, немам деца од тој брак. Дојде време и јас да уживам, доста се нервирав. Тоа време го оставив таму некаде, во заборав.

Сека Алексиќ ретко ја открива својата приватност, па многумина и не знаат како изгледа, на пример, нејзината мајка.

Сега, по толку години, Сека објави нивна заедничка фотографија, поради која голем број нејзини фанови ѝ упатија грст емотивни коментари, при што таа, исто така, емотивно им возврати:

– Мајка си е мајка! Таа е мојата кралица, една и единствена, која се бореше да ми обезбеди каков-таков живот пред да станам популарна. Од неа ја наследив убавината и од неа научив да готвам многу вкусни јадења. Јас не се срамам да бидам во кујна, како некои други мои колешки. Нема ништо повкусно од домашните јадења. Ги научив од мајка ми, мојата кралица за сè! (Д.М.)