Сезонска хуманитарна акција за загрозени категории граѓани

127

Здружението на граѓани за помош и поддршка на бездомници социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“ и оваа година организира сезонски собирни пунктови.

Тие се наменети за собирање на донации во храна, средства за хигиена, средства за чистење, облека, обувки и постелнина, со цел да им се помогне на бездомниците и сиромашните, посебно во зимскиот период.

Од здружението ги повикуваат граѓаните да ги посетат пунктовите и да дадат личен придонес во подобрувањето на условите на живот на оваа маргинализирана категорија на луѓе, заеднички делувајќи во подигнување на свеста на луѓето и за развивање на граѓанскиот активизам.

Пунктовите ќе бидат на следниве локации: денеска, од 11 до 18 часот и во вторник од 12 до 19 часот- „Веро “во Кисела Вода,  в недела (13 октомври)  од 11 до 18 часот и во среда (16 октомври) од 12 до 19 часот- Веро (Аеродром) , в четврток (17 Октомври) од 12 до до 19 часот и в недела (20 октомври)-„Тинекс“ (Зебра) и в недела (27 октомври) од 11 до 18 часот и вторник (29 октомври) од 12 до 19 часот-„Тинекс“(Карпош 3).