Сезона на чорби: Не мора да се оди во Русија за да се проба боршч

123

Руската национална чорба боршч, која е карактеристична и за Украина, Полска,  Молдавика, се подготвува на неколку начини. Најчесто тоа е чорба од зелка со говедско месо, а киселата павлака и кашата од хељда се нејзин неопходен составен дел. Боршч може да се приготвува и со цвекло од туршија како главна состојка. Токму затоа Русите имаат залиха од скиселено цвекло во секој период од годината.

Потребно е:

  • 500 г. Говедско месо
  • сол, бибер
  • кромид
  • лук
  • 2 моркова
  • 3 компира
  • 2 цвекла
  • половина главица слатка зелка
  • 4 домати
  • 40г путер или маргарин
  • оцет
  • сечкан магдонос
  • чаша кисела павлака
  • 250 г хељдина каша + 50 г путер

Приготвување:

Говедското се сече на коцки и се остава да се вари половина час во 1,5 литри вода заедно со малку сол, бибер и изгмечен лук. Кромидот, морковот исечкан на коцки, компирот и цвеклото, исечканата зелка и крупно здробениот дома се пропржуваат на путер, а потоа се става супата од месото и се остава да се вари на тивок оган. Супата се зачинува со оцет, бибер, сецкан магданос и пред сервирањето се прелева со павлаката.

Кашата треба да се испржи посебно, но не во врел путер, колку само да се зарумени:потоа се става во лонец и се налева со врела вода, колку да се покрие и добро се посолува. Се вари на врел оган додека не набабри, па така сварената каша се прелева со путерот кој се пржеше до заруменување и се сервира со боршчот.