Седум држави биле против датум за преговори со Македонија, тврди Милошоски

242

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ВМРОДПМНЕ, Антонио Милошоски на Твитер тврди дека не само Германија и Франција
биле против старт на преговорите со Македонија и Албанија, туку и Холандија,
Данска, Белгија, Луксембург и Шпанија.

Според него Грција и неколку други членки биле воздржани.

За старт на преговорите според него биле 12 членки на Европската Унија: Полска,
Естонија, Унгарија, Словачка, Чешка, Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија,
Романија, Латвија и Литванија.