Во периодот од 8 до 14 часот денеска на подрачјето на СВР Тетово е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 70 возачи, од кои 41 на територија на Тетово, а 29 на територија на Гостивар.

Како што соопшти МВР, со брзина од над 50 километри на час од пропишаната возеле 63 возачи, а 13 за дури над 70 километри на час над дозволената.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“ – наведуваат од МВР.