Седница на Советот за безбедност, во фокусот политичко-безбедносната состојба по членството во НАТО

32

Политичко-безбедносната состојба во земјава по членството во НАТО, ќе биде темата на која ќе се разговата на денешната осма седница на Советот за безбедност на Република Северена Македонија, што ќе се одржи во „Вила Водно“ со почеток во 12:00 часот.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски ќе присуствуваат и директорите на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски и на Оперативно-Техничката Агенција ОТА, Зоран Ангеловски, како и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Како што соопштија од Кабинетот на Претседателот, по завршување на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста.