Седница на Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа денеска преку видеоконференциска интернет врска. Штабот е оперативно стручно тело што раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации, соопшти ЦУК.
Со седницата на Главниот штаб раководеше, в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, од својот кабинет, а на видеоконференцијата учествуваа претставници на субјекти во системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи. На седницата, покрај состојбата во државата во различни ресори, беа разгледани и определени активности на институциите, а и насоки за обезбедување валидно информирање на граѓаните и спречување на ширење дезинформации. Тоа е со цел за поголемо и посеофатно дејствување во насока на превенција и справување со ширењето на Ковид-19 предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“, заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, информираат од ЦУК.
Истовремено е одлучено да се формира и заеднички Медиа центар при Главниот штаб за управување со кризи, заради координирано тековно информирање на јавноста за активностите коишто произлегуваат од Акциски план што го изготви ЦУК, што е во директна насока за превенција и справување со ширењето на Ковид-19 предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“ со што се загрозува безбедноста и здравјето на населението.
Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а работи и на зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор, стои во соопштението.
Извор:МИА