Седница на Влада во 15 часот – се скратува полицискиот час?

292

Владата денеска ќе одржи седница, а според најавите, се очекува на неа да се разговара за скратување на полицискиот час кој би почнувал од 19 часот и би траел до 05 часот следниот ден.

Седницата, како што соопштија од прес службата на Владата е закажана во 15 часот, а ќе се одвива преку видео-интернет комуникација. За донесените одлуки, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.