Сега можете да проверите на мапа каде се наоѓало вашето сегашно живеалиште низ изминатите 750 милиони години

5685

Нова интерактивна мапа овозможува да проверите каде се наоѓал вашиот роден град на Земјата низ период од 750 милиони години.

Мапата ги следи промените на планетата од пред 750 милиони години до денес.

Ја развил поранешен инженер од Гугл Ијан Вебстер, кој притоа ги користел мапите ПАЛЕОМАП направени од геологот Кристофер Скотиз.

Вебстер вели дека неговата цел била на едноставен начин да ги прикаже сложените научни податоци за секој што ќе посака да научни за историјата на планетата Земја да може тоа лесно да го искористи.

Мапата може да се погледне овде. Кога ќе ја отворите, во горниот лев агол може да се впише името на вашиот град и да се избере временски период.

Првата можна опција е периодот од пред 750 милиони години, недолго откако почнале да се развиваат првите алги во океаните, а последната ќе ви овозможи да видите како изгледа Земјата во моментов.

Со помош на оваа мапа можете следите како се менувал светот, од времето кога континентите биле покриени со глечери, или да го видите глобалниот континент Пангеа, да видите како изгледал светот пред 400 милиони години кога се појавиле првите инсекти, на пример.

Мапата покажува дека нашата околина е диманична и може да се менува. Историјата на Земјата е подолга отколку што ние можеме да го сфатиме тоа, и моменталниот распоред на контитнетите е случајност во времето. Ќе биде многу различно во иднина, и можно е Земјата да не надживее.

Извор:www.dailymail.co.uk