Минатогодишната шампионка на САД опен, Ема Радукану, не успеа да го мине ниту првото коло на годинашниот грен-слем во Њујорк откако беше елиминирана од Ализе Корне со 2:0 во сетови (6:3, 6:3).

  • Секако дека сум многу вознемирена и многу тажна. Но, на некој начин, мило ми е што сега можам да почнам од нула. Ќе паднам на ВТА, но способна сум да се вратам меѓу најдобрите. Но, ако се гледа од друга гледна точка, за 19-годишна тенисерка, ова не е лоша сезона. Да ми кажеа пред една година дека ќе бидам во топ 100, ќе се согласев – рече Радукану на прес-конференцијата по поразот од Корне.

Британката знае дека ѝ е потребна поголема стабилност.

  • Ми треба повеќе стабилност. Ако погледнете колку играв и колку тренирав оваа година, бројките ќе бидат минимални. Од турнирот во Рим до крајот на Вимблдон, за два и пол месеца играв само 14 дена. Ова е лудило. За мене, најважно е постојано да настапувам и да тренирам, без долги паузи – додаде Радукану.

Младата тенисерка ќе загуби 2.030 поени и ќе падне на ВТА-листата.

Инаку, елиминација од последниот грен-слем турнир претрпи уште една шампионка, Наоми Осака. Подобра од јапонската тенисерка беше Данијел Колинс со 7:6, 6:3.